Олимпијакос го промовира екс пелистерецот – Периќ се сели во Грција

Поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата и ќе го облече дресот на грчкиот шампион Олимпијакос.

Периќ по две сезони во унгарската Татабања, се реши да ја промени средината и ќе игра одново во тим на Жељко Бабиќ, како што тоа беше случај во Битола.

32-годишниот среден бек играше за Извиѓач, Босна, Татабања, Катар Спорт, Одорхеи, Дунареа Калараши и Гепинген пред да дојде во Еурофарм Пелистер.

„Возбуден сум што ќе станам дел од големото семејство на Олимпијакос. Веќе знам дел од соиграчите и верувам дека адаптацијата нема да ми биде тешка. Целта е да му помогнам на тимот да освојува трофеи. Чест е да се биде дел од еден од најголемите спортски друштва во светот“, вели Периќ.

Периќ по две сезони ќе се врати во Македонија и со неговиот нов тим ќе настапи на турнирот „Крсте Андоновски-Усташ“ во Охрид од 20 до 24 август.