Охрид со пораз за краj на грчката турнеja

По победите над Дукас и АЕК Атина, ракометарите на Охрид со пораз ја завршија турнејата во Грција.

Избраниците на Стевче Алушовски загубија од Олимпијакос со 37-29, откако и на полувремето губеа со 20-16.

Најдобар стрелец во охридскиот тим беше Стоилевски со шест гола, а по три дадоа Сафранко, Ојлески, Бојаниќ, Ристески, Цирар и Орјоникидзе.

По враќањето од Грција, ракометарите на Охрид ќе продолжат во Србија, каде ќе одиграат уште шест пријателски натпревари.