ТИМОТ НА ОХРИД СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕХФ ЕВРОПСКИОТ КУП!
Во реваншот во Охрид, по ударите од седум метри, македонскиот клуб славеше со 29-27 (11-11) доволно да се пласира во финалето.
Во пенал-серијата што мораше да се шутира по израмнетиот резултат во двомечот, за македонскиот тим погодија Ојлески, Јасухира, Ќосевски и Ѓукиќ, а во последниот обид промаши Макуц за големо славје на охриѓани.
Ривал во финалето на охриѓани ќе им биде екипата на Татабања.
Двата меча ќе се играат на крајот на мај.

























