Пеналите ќе решат кој ќе игра во финалето на Купот на ЕХФ. Охрид преку Лиапис во полсендит есекунди зголеми на 25-23, но з анеколку секунди му дозволија на Анжиќ да даде гол и да намали на 25-24.
Според пропозициите на ЕХФ во ситуација кога двете екипи победиле по една, нема веќе „гол на гости“ правило туку се шутираат пенали. На првиот меч во Словенија победи Целје со 27-26.
Во меч во кој само еднаш еден од тимовите имаше предност од два гола, и тоа на самиот почеток донесе неизвесност во сите 60 минути. Се играше „гол з агол“ со многу грешки, зашто влогот беше голем – финале. Гостите имаат зад себе и европска титула од ЛШ, но за Охрид ова беше меч за историја.
Тргнаа гостите офанзивно поведувајќи со 2-0, а на охриѓани им требаа 10 минути да го преземат водството откако Иван Тасевски погоди од контра, за 4-3 а потоа Пилиповиќ го одбрани пеналот на Миличевиќ. На другата страна исклучување доби Лука Периќ, но тоа не го искористија домашните за зголемување, правејќи техничка грешка.
Почувствува Борис Ројевиќ дека треба да подели совети, и побара минута одмор откако претходно Пилиповиќ го одбрани ударот на Макуц. Се обидуваа домашните да го зголемат водството и да го искористат времето во кое имаат играч повеќе. Наместо зголемување на водството, Целје израмни на 4-4 во 13 минута.
Тогаш на терен влезе Косуке Јасухира, играта беше забрзана, а малите бекови (заедно со Стрмљан) лесно влегува низ одбраната. Но, и на спротивната страна лесно минуваа противничките играчи, па по 20 минути играње резултатот беше 8-8. На секој гол за кој многу се трудеа Охриѓани, гостите многу полесно возвраќаа.
Тешко одеше резултатско одлепување, бидејќи и двете екипи играа и претпазливо и прецизно. Гостите пробиваа повеќе со „еден на еден“, а Охрид бараше акција со која од зицер ќе даде гол. Последните две минути од првото полувреме Охрид прв имаше шанса да поведе, ама пак направи техничка грешка.
Само што почна второто полувреме имаше Охрид шанса да поведе со 15-13, но поради техничка грешка шансата „отиде“, ама затоа ни Целје не можеше да реализира и Охриѓани добија нова шанса за водство од „плус 2“. Две минути се редеа шанси на двете страни, но без погодок. Нешто одбрани Пилиповиќ, но Млакар имаше две контри кои ги фати, прво на Иванковиќ, па зицер на Прибетиќ. Гостинскиот тренер немаше друга опција освен да побара тајмаут, за да ја смири ваквата игра, и да најде решение.
Пилиповиќ во 40 минута ја имаше својата 10. одбрана на мечот, а во следниот напад и по 11. пат одбрани упатена топка од играчите Целје. Но, во нападот колегите немаа решение како да пробијат и да постигнат гол. Следниот што не реализираше беше Косуке. Ниту Иванковиќ не беше прецизен, ама Ојлески „украде“ топка која потоа беше „продадена“.
И кога не се користат шансите, следува казна, па Целје во 42 минута израмни на 14-14. И повторно почнуваше се од „нула“. Судиите не го признаа „чистиот“ гол на Стрмљан кој требаше да им донесе водство, но потоа се си дојде на место, бидјеќи Охрид израмни, и имаше и напад кој сега Стрмљан го претвори во погодок, за водство 16-15. Брзо се менуваа шансите и погодоците, па откако гостите израмнија на 16-16, Охрид имаше напад, а Стрмљан брзо реализира.
И така беше се до самиот крај, на секое водство на Охрид гостите возвраќаа. во последните секунди се влезе со резултат 23-23, и Охрид во напад.
Косуке изнуди исклучувања на Жига Млакар, во 58,08 минута од мечот. Дарко Ѓукиќ погоди од крило, па сега требаше само да се одбрани Охрид за да добие шанса , а остануваа 70 секунди до крај.
Реј Моралес доби исклучување, на 39 секунди до крај. Целје имаше напад, ама не се решија да играат со празен гол. Погрешиија гостите, Липаис во контра зголеми на 25-23, ама со брзо центат Словенците со звукот на сирената намалија, и се изборија за пенали.


























