Раководството на амбициозниот тим на Охрид активно работи на играчкиот ростер за следната натпреварувачка сезона, во која ќе влезе со големи амбиции.
За таа цел продолжени се соработките со петмина ракометари од актуелниот кадар – Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Теимураз Орјоникидзе
Тие остануваат верни на Охрид, откако левото крило Ојлески и голманот Ѓорѓески ги продолжија договорите до 2027 година, а десното крило Костов и левите бекови Кукуловски и Орјоникидзе до 2026 година.
Претходно клубот договори нови соработки и со капитенот Тасески, Чаневски, Јотиќ, Цирар, Бојаниќ, Шипинкоски и Ристески.
За следната сезона „гладијаторите“ ќе донесат и неколку интернационалци, меѓу кои досега најавени се словенечки среден бек Тилен Стрмљан и српскиот десен бек Предраг Вејин.