OХРИД 2024: Вардарци ги собраа индивидуалните награди – Горига е МВП, Еспиња е најдобар голман

Екипата на Вардар го освои трофејот на третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со триумф над „сино-белите“ од Автокоманда.

Индивидуалните награди отидоа во рацете на вардаровите ракометари. За најдобар играч на турнирот или МВП беше избран левиот бек Дмитро Горига.

Најдобар голман на турнирот беше прогласен чуварот на мрежата на „црвено-црните“, Мигел Еспиња.

Најдобар стрелец беше Божо Брновиќ од екипата на Ловќен Цетиње, кој успеа да постигне 21 погодок на четири меча.