Огромен удар за Црна Гора – на ЕП без двајцата најдобри голмани!

Иако до почетокот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка има повеќе од осум месеци, репрезентацијата на Црна Гора се соочува со големи проблеми на голманската позиција.

Селекторот Дидие Динар ќе мора да бара нови решенија, откако двајцата голмани Небојша Симиќ и Никола Матовиќ ќе паузираат долго време.

Симиќ ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, додека Матовиќ исто така скина лигаменти на левата нога, па двајцата не само што ќе го пропуштат финишот на оваа сезона, туку и првиот дел од наредната сезона.

Динар сега размислува за други варијанти на голманската позиција, а прва опција е голманот на Извиѓач, Харис Суљевиќ, додека извесен е камбек меѓу стативите на искусниот Миле Мијушковиќ, кој ја заврши репрезентативната кариера, но и на 40 години активно брани во клубот Кур од Азербејџан.

Црна Гора е на милиметар до пласман на ЕП и во последните две кола против Финска и Словачка, за и математички од второто место во групата во која е и Унгарија да го потврди местото на континенталниот собир.