Одредени домаќините на групите во Купот – еве каде ќе се бијат битки за Ф4

Ракометната федерација на Македонија ги одреди домаќините на четвртфиналните групи во Купот на Македонија.

Натпреварите ќе се играат во Скопје, Битола и Охрид, по што ќе бидат познати патниците на завршниот турнир.

Домаќин на групата 1 ќе биде тимот на Кирил Лазаров, групата 2 ќе се игра во Битола, каде домаќин е Еурофарм Пелистер, групата 3 исто така во салата „Боро Чурлевски“, додека домаќини на групата 4 ќе бидат СРЦ „Билјанини Извори“ и Охрид.

Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април (освен групата 1), додека завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.

За Ф4 ќе се борат сите 12 суперлигаши, но и четири прволигашки екипи, а бранител на трофејот се „сино-белите“ од Автокоманда.

Куп на Македонија, групна фаза:

група 1 (Скопје – Автокоманда)
Алкалоид (1) – Мулти Есенс (4)
Партизан Гевгелија (2) – Пролет (3)

група 2 (Битола – Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер (1) – Куманово (4)
Радовиш (2) – Струга (3)

група 3 (Битола – Боро Чуревски)
Вардар (1) – Бутел Скопје (4)
Борец ФЛ (2) – Еурофарм Пелистер 2 (3)

група 4 (Охрид – Билјанини Извори)
Прилеп (1) – Охрид (4)
Тиквеш (2) – Аеродром (3)