Забележани одличните настапи во Вардар: Николиќ со деби за Србија, повик и за двајца пелистерци

Селекторот на Србија, Тони Херона, го објави списокот на ракометари повикани за ноемвриската ЕХФ недела.

Меѓу неколкуте нови имиња на Херона е левиот бек на Вардар, Матија Николиќ, кој игра во одлична форма од стартот на сезоната.

Покрај Николиќ, Херона ги повика и двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер – левиот бек Урош Борзаш и десното крило Богдан Радивојевиќ.

Србија ќе игра две пријателски средби со селекцијата на Словенија, за која повик добија двајца ракометари на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак и Нејц Цехте.

На списокот на Херона се уште четворица ракометари што играа во Македонија – Дејан Милосављев, Мијајло Марсениќ, Вања Илиќ и Предраг Вејин.