ФОТО: Оденсе

Оденсе испиша историја – за првпат ќе игра на Ф4 во ЛШ!

Оденсе од Данска е првиот тим кој обезбеди пласман на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите кај дамите, откако во реваншот од четвртфиналето го совлада Ференцварош со 25:24.

Првиот дуел меѓу двете екипи во Оденсе заврши без победник, 27:27, па данскиот тим со минималниот триумф во реваншот обезбеди историско учество меѓу четирите најдобри.

Клучна фигура за историскиот успех на Оденсе беше голманката Алтеа Рајнхарт, која блесна со 13 интервенции на денешниот одлучувачки натпревар.

За Оденсе ова е најголемиот успех во историјата на клубот, бидејќи за првпат ќе игра на Ф4 турнирот од најквалитетното европско натпреварување.

Доколку Есбјерг го елиминира ЧСМ Букурешт, тогаш Данска ќе има два претставници на Ф4 турнирот во Будимпешта.