ОЧЕКУВАНО: Тиквеш ќе се бори за Куп трофејот

Амбициите на Тиквеш сезонава доста пораснаа, особено по ангажирањето на Радослав Стојановиќ на клупата, па тимот од Кавадарци во мај ќе се бори за Куп трофејот на Македонија. Тие како домаќини на група, пред својата публика го победија Мулти Есенс со 32-28 (16-14) и се пласираа на завршниот турнир од Купот.

Резултатот на крај е во корист на домаќините, но требаше добро да запнат, бидејќи гостите иако беа аутсајдери, дадоа се од себе до крај да пружат отпор. Тиквеше играше и без Страхиња Симиќ и Ани Обина, кои знаат да бидат и „половина екипа“.

Само на почетокот резулатот беше израмнет, а потоа Тиквеш почна да води. Но, Мулти Есенс не с еоткажа, напротив направи пресврт па поведе со 7-6, па и 10-9. Иако имаа предност до 11-10, потоа Тиквеш ја врати својата надмоќ и на полувреме отиде со предност од „плус 2“, за 16-14.

Во вториот дел предноста од 2-3 гола постојано беше во корист на кавадарчани, па така остана и до крај на средбата.

Тројца ракометари на Тиквеш постигнаа по пет гола, Никола Стефановиќ, Мартин Манасков и Мирко Мајиќ. По четири дадоа Кристијан Анастасовски, Срѓан Мијатовиќ и Димитар Коцев. Кај гостите најпрецизен беше Михајло Костовски со седум гола.

Куп на Македонија, мажи, распоред:

група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
Тиквеш – Мулти Есенс 32-28

група 2 (Скопје)
Бутел Скопје – Струга 24-18
Алкалоид – Вардар Неготино 48-28
24/3, 18:00, Бутел Скопје – Алкалоид

група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
Радовиш – Вардар 21-42
24/3, Вардар – Голден Арт

група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер