„Вардар Експрес“ помина низ Радовиш

Актуелниот бранител на трофејот во Купот, тимот на Вардар, без проблеми ја мина првата пречка, триумфираше убедлива на дуелот против Радовиш со 42:21.

Ракометарите на Владо Недановски во утрешното финале од групата 3 ќе играат против Голден Арт, кој во првото полуфинале го совлада Пролет.

Вардарци победата ја најавија уште во воведните десет минути, во кои имаа предност од 9:4, на полувреме заминаа со 23:10, додека вторите 30 минути ги одработија рутински.

Најефикасни во редовите на „црвено-црните“ беа Бакар Мохамед со девет, Стефан Петриќ со седум и Ален Ќосевски со шест погодоци.

Во домашниот табор се истакнаа Зоран Стојановски и Иван Митревски, двајцата запишаа по четири реализации.

Куп на Македонија, мажи, распоред:

група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
23/3, 18:00, Тиквеш – Мулти Есенс

група 2 (Скопје)
Бутел Скопје – Струга 24-18
Алкалоид – Вардар Неготино
18:00, Бутел Скопје – Алкалоид/Вардар Неготино

група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
Радовиш – Вардар 21:42
Вардар – Голден Арт

група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер