Бутел во вториот дел го скрши отпорот на Струга

Тимот на Бутел Скопје е прв финалист во групата 2 од Купот на Македонија, откако славеше над Струга со 24-18.

Стружани поведоа со 4-1, но бутелци веднаш вратија за 4-4 и до крајот на првиот дел се играше со грешки на двете страни и малку погодоци, 9-9.

Набрзина во вториот дел избраниците на Кузманоски по интервенциите на Стојаноски стигнаа до плус три, 13-10 и тоа беше знак за тајм-аут на Танески.

Kaко одминуваше времето така Бутел Скопје ја преземаше контролата на мечот и до крајот само рутински ја зголеми предноста до конечните 24-18.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше левото крило Дамјан Субашевски со десет гола, а во составот на Струга се истакна десниот бек Мерис Бошњак со исто толку.

За место на Ф4 во Купот на Македонија, Бутел Скопје ќе се бори со победникот од дуелот меѓу вицепрвакот и Вардар Неготино.

Куп на Македонија, мажи, распоред:

група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
23/3, 18:00, Тиквеш – Мулти Есенс

група 2 (Скопје)
Бутел Скопје – Струга 24-18
23/3, 18:00, Алкалоид – Вардар Неготино
24/3, 18:00, Бутел Скопје – Алкалоид/Вардар Неготино

група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
23/3, 18:00, Радовиш – Вардар
24/3, Радовиш/Вардар – Голден Арт

група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер