Прилеп без најдобрите елиминиран од Купот на Македонија

Екипата на Мулти Есенс против Тиквеш ќе се бори за пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако во второто полуфинале од првата група го совлада Прилеп.

Младиот тим од Автокоманда триумфираше со 27:23, а до победата дојде со одличната игра во двете полувремина.

Скопјани речиси во текот на целиот натпревар водеа со позитива од три до пет гола разлика.

Поголемиот број првотимци на Прилеп, иако беа во составот, сепак, не настапија на дуелот, шанса имаа ракометарите со помала минутажа.

Најефикасен во победничката екипа беше Олег Јорданов со девет погодоци, во поразениот табор први стрелци беа Давид Трајкоски и Христи Бикоски со по шест реализации.

Куп на Македонија, мажи, распоред:

група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
23/3, 14:00, Прилеп – Мулти Есенс 23:27
23/3, 18:00, Тиквеш – Мулти Есенс

група 2 (Скопје)
23/3, 14:30, Бутел Скопје – Струга
23/3, 18:00, Алкалоид – Вардар Неготино
24/3, 18:00, Бутел Скопје/Струга – Алкалоид/Вардар Неготино

група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
23/3, 18:00, Радовиш – Вардар
24/3, Радовиш/Вардар – Голден Арт

група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер