На два дена пред крајот на 2024 година се одиграа финалните натпревари во женските Купови на Данска и Норвешка.
Во Норвешка трофејот го освои тимот на Сторхамар, кој во финалниот натпревар во драматичен финиш по пенали го совлада Тертнес со 27-26.
Иако Сторхамар водеше со 14-10 на паузата, сепак аутсајдерот на овој меч успеа да се врати во финишот и да израмни на 22-22.
Голманката Ели Мари Расок го одбрани последниот шут на Тертнес во петтата серија пенали и радоста на Сторхамар можеше да почне.
Во Данска, Есбјерг го освои трофејот во Купот четврти пат по ред, откако го надигра Оденсе и го совлада со 31-25. Најдобар стрелец кај победникот беше Хени Реистад, која погоди десет пати.