Се откажа од два ангажмани за да го преземе Загреб, а ќе дебитира против Еурофарм Пелистер!

Веќе одамна е потврдено дека Ненад Шоштариќ ќе биде новиот тренер на хрватскиот првак Загреб.

Актуелниот селектор на женската репрезентација на Хрватска, ќе ги одработи уште двата меча од квалификациите за ЕП 2024 година, а веќе следната недела ќе го започне новиот предизвик.

Официјалното деби на клупата на Загреб, ако се оди според планот, би требало да го има на дуелот од шестото коло во Лигата на шампионите против Еурофарм Пелистер на 19 октомври.

Тој в среда ќе ја води Хрватска на дуел против Грција, додека в сабота на натпревар против Босна и Херцеговина, а од понеделник ќе се приклучи на тренинзите на Загреб.

Претходно веќе го одработи последниот натпревар како тренер на Локомотива Загреб против Сплит, па од женскиот клупски и репрезентативен ракомет, ќе се посвети на машкиот.