Норвежаните „кренаа“ глас против Саудиска Арабија

Како што е познато, ракометните федерации на Норвешка заедно со Данска и Исланд имаат кандидатура за организација на СП 2029 или 2031 година.

Според медиумите во Норвешка, за организација на еден од овие два големи настани се пријавила и Саудиска Арабија.

Тамошната јавност и ракометарите, односно ракометните работници, веќе го кренаа гласот против азиската земја.

Свој коментар имаше и главниот човек на ракометната куќа на Норвешка, Каре Геир Лио, кој смета дека во Саудиска Арабија нема доволно услови за одржување на голем настан.

,,Сметаме дека ситуацијата со човековите права во Саудиска Арабија не е компатибилна со фактот дека првенствата треба да се одржуваат таму без доволна безбедност. Иако ракометот сам не може да го реши проблемот со човековите права во земјата домаќин, спортот мора да придонесе таму каде што може. ИХФ треба да се погрижи, меѓу другото, да има слобода на изразување за оние кои сакаат да го искористат првенството за да ја истакнат социјалната критика, дека ЛГБТ заедницата не е дискриминирана, дека жените ги имаат сите права и дека локалното население има основни права кога развива инфраструктура поврзана со Светското првенство”, изјави Каре Геир Лио.

Покрај заедничката кандидатура на Норвешка, Данска и Исланд, како и Саудиска Арабија, Унгарија исто така поднесе апликација за организација на СП, плус заедничка кандидатура на Франција, Германија и Швајцарија.

„Светско првенство во Саудиска Арабија ќе биде штетно за ракометот“