Норвешка преку Унгарија до билет за ОИ, Австрија остана во игра

Селекцијата на Норвешка обезбеди место на Олимписките игри, откако славеше против домаќинот на квалификацискиот турнир во Унгарија со 29-25.

Ова беше втор триумф по ред за Норвешка, па скандинавците стигнаа до билет за ОИ, а на Унгарците ќе има остане битка „еден на еден“ против Португалија за второто место кое води во Париз.

Португалците ја завршија својата задача против Тунис со 37-29 и утре ги чека главната битка, во која освен ракометарите на Унгарија, за ривал ќе ја имаат и домашната публика во Татабања.

Австрија славеше убедливо против Алжир со 41-26 и во последното коло против домаќинот на турнирот, Германија, ќе решава на второто место што води на Олимписките игри во Франција.

Претходно Хрватска со триумфот над „панцирите“ го потврди своето место на ОИ.

Хрватска ги совлада „панцирите“, само милиметри ја делат до пласман на ОИ