Croatia vs Bahrain, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Malmo, 23.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Хрватска ги совлада „панцирите“, само милиметри ја делат до пласман на ОИ

Репрезентацијата на Хрватска ја забележа втората победа на олимписките квалификации во Хановер и направи голем чекор кон пласман на ОИ претстоното лето.

Избраниците на Дагур Сигурдсон по победата над Австрија во првото коло, денеска го совладаа директниот конкурент за едно од првите две места, репрезентацијата на Германија со 33:30.

Победата на Хрватска беше обезбедена со одличната игра во првото полувреме, кое го добија „коцкестите“ со шест гола разлика, 16:10.

Најефикасен во редовите на Хрватска беше Иван Мартиновиќ со осум погодоци, по пет постигнаа Домагој Дувњак и Марио Шоштариќ.

Хрватска во последното коло за ривал го има незгодниот Алжир, кој денес игра против репрезентацијата на Австрија.