Актуелниот бранител на златото на ЕП, репрезентацијата на Норвешка, забележаа нова победа на континенталниот собир. откако убедливо ја совладаа Холандија со десет гола разлика, 31:21.
Холандија парираше само во воведниот дел, потоа се мина во знакот на Норвежанките, кои на полувреме заминаа со предност од 15:9 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Најефикасна во победничката репрезентација беше екс ракометарката на Вардар, Камила Херем, која натпреварот го заврши со шест гола. Во редовите на Холандија прв стрелец беше Нусер со пет реализации.
Норвешка со денешната победа фактички си го завери пласманот во полфиналето на ЕП, додека Холандија до крајот од главната фаза ќе мора да го даде максимумот за подобар пласман.