Ништо од Балиќ, Ортега ќе ја води Јапонија

Актуелниот тренер на Барсеона, Антонио Ортега, ќе биде замената за Дагур Сигурдсон на клупата на Јапонија.

Денеска јапонската федерација официјализираше дека Ортега ќе ја води селекцијата на Јапонија, но само на Олимписките игри.

Договорот е краткорочен, а потоа раководството на јапонската федерација ќе бара трајно решение за клупата на „самураите“.

Ортега по заминувањето од клупата на Веспрем во 2015 година, ја предводеше Јапонија две години, па нема да му треба време за адаптација.

Јапонците со Сигурдсон на клупата имаа голем прогрес, освоија сребро на Азиското првенство во јануари годинава, а преку квалификациите обезбедија место на ОИ.

Во комбинација за клупата на Јапонија беше и хрватската легенда Ивано Балиќ, но нема ништо од тој трансфер.