Николовски и Начевски со задачи во баражот за СП 2025

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од баражот за Светското првенство во 2025 година.

Македонија нема свои претставници меѓу арбитрите, но ќе има свои претставници меѓу делегатите на натпреварите.

Марјан Начевски ќе биде делегат на средбата во Подгорица меѓу Црна Гора и Италија што ќе се игра на 12 мај од 17:30 часот.

Ацо Николовски ќе биде делегат на натпреварот во Веспрем меѓу селекциите на Унгарија и Литванија што е закажан за 12 мај од 17:15 часот.