Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред завршниот турнир во Келн, ќе имаат уште еден голем предизвик.

Тие ќе судат на завршниот турнир од шампионатот на Саудиска Арабија, каде ќе учествуваат четири најдобри екипи.

Меѓу нив се тимовите на Ал Сафа, Ал Калеј, Ал Мудар и Ал Хада, кои ќе се борат за титулата во Саудиска Арабија.

Oвој турнир ќе биде квалификациски и за Супер Глоуб, каде што ќе игра најдобра екипа од Саудиска Арабија.

Николов и Начевски не се првпат на азискиот континент, а по овој турнир ќе се подготвуваат за завршниот турнир во Келн во Лигата на шампионите.