Николов и Начевски главни на двобојот на гигантите во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат главни на двобојот на можебите двете најсилни екипи во Европа.

Станува збор за мечот на гигантите Барселона и Веспрем, што е на програмата следната недела.

Делегат ќе биде Полјакот Горалчик, а натпреварот ќе се игра во „Блауграна“ на 26 октомври од 20:45 часот.