Српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ по три сезони ќе си замине од шпанскиот Адемар Леон и ќе има нов предизвик во кариерата, пишува „Моцарт Спорт“.
Милосављевиќ треба да биде замена за португалскиот репрезентативец Александре Калваканти во дресот на францускиот Нант.
Тој беше дел од Црвена Звезда и Железничар Ниш, пред да замине во Асобал лигата, а летово беше на прагот на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Двете страни беа многу блиску до договор, кој на крајот не беше постигнат, па Милосављевиќ сега ќе има нов предизвик во Франција.
Тој е еден од адутите на српскиот селектор Тони Херона на претстојното Европско првенство во Германија.