Несекојдневна партија: Дабески од Драчево постигна 26 гола!

Екипата на Драчево предводена од Филип Дабески во натпревар од 8. коло од прволигашката конкуренција лесно се справи со „фенерџијата“ Борец и славеше победа, која беше изразена со 40 гола разлика, 58:18 (26:6).

Членот на Драчево, Филип Дабески, доминираше на теренот, сам постигна повеќе погодоци од гостинската екипа и доволен беше само тој за да се издвојува убедлива победа.

Дабески во натпреварот со некогашниот македонски шампион постигна дури 26 погодоци, десет од нив ги реализираше во првиот дел, додека во вторите 30 минути се надмина себеси и во листата на стрелци се запиша 16 пати.

Истиот ракометар во ланската сезона постигна 25 погодоци против велешкиот тим. Тогаш тимот на Драчево го совлада Борец со скоро идентичен резултат од денес, 56:18.

За потсетување, рекордот на најмногу голови постигнати на еден меч го има дама. Станува збор за поранешната репрезентативка Матилда Атанасоска, која во дресот на Кале Кичево на дуел со Тутунски Комбинат Бренд постигна неверојатни 33 гола. Тимот од Кичево го доби овој натпревар со исто така неверојатни 54 голови разлика, 64-10.

Дали знаете кои се рекордерите во македонскиот ракомет – на еден натпревар постигнале 31 и 33 погодоци!