Несекојдневна партија: Анчева даде 19 гола, Астибо ја победи Гевгелија

Тимот на Астибо ја забележа првата победа во новата сезона во Женската лига, откако на домашен терен во Штип славеше против Гевгелија со 34-24.

Избраничките на Дејан Величков ги предводеше Марија Анчева, која често да знае да постигне двоцифрен број голови, но овојпат се надмина себе и постигна 19 погодоци, од кои само три беа од пенал.

Штипјанки го најавија победникот уште по првото полувреме кога водеа со шест гола, 16-10, а во вториот дел само рутински го одиграа мечот.

Покрај Анчева, во тимот на Астибо со пет погодоци се истакна и Анастасија Богоевска, а кај Гевгелија четири ракометарки беа стрелци по пет пати – Ступар, Кадиева, Димова и Динева.

Во следното коло Гевгелија ќе игра дома со Вардар, додека Астибо му гостува на Шампион.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080