Referees during the EHF Euro 2022 qualification match, Croatia vs France, Koprivnica, Croatia, 03.03.2022, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

(Не)регуларност на повидок: По налог на генералниот секретар на РФМ не се одигра мечот Аеродром – Еурофарм Пелистер 2! (ВИДЕО)

„Нека знае целата македонска јавност дека Аеродром не се откажува од натпреварите. Тоа е по насоките на генералниот секретар на РФМ. Натпреварот од тие причини нема да се одигра. Се извинувам на гостите што ги измалтретиравме“.

Вака им се обрати Дарко Петровски, претседателот на РК Аеродром на гледачите кои дојода денеска во салата во ФФК да го проследат натпреварот меѓу Аеродром и Еурофарм Пелистер 2, од првото коло на плејаутот во машката ракометна лига.

Десетина минути траеше преносот од натпреварот на Јутјуб каналот на РФМ, а потоа домашните играчи подигнаа транспарент на кој пишуваше „Дигни руке“. Потоа Петровски имаше кратко обраќање во кое извести дека натпреварот нема да се одигра.

Нема официјална потврда која е причината за неодигрувањето на натпреварот, иако и двете екипи и службените лица беа присутни во салата и сите го очекуваа почетокот. Аеродром тргна во плејаутот со два бода. До оовј момент ниту РФМ нема објавено зошто мечот не се одиграл, и потврда дали навистина генералниот секретар Филип Милошевски дал некоја наредба натпреварот да не се одигра.