Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер в сабота на домашен терен ќе го пречека најголемиот ривал за титулата, Вардар.
Битолчани објавија дека сите билети за најголемото дерби на македонскиот ракомет се распродадени.
Тоа значи дека „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последно место и „црвено-црните“ ги чека битолски пекол.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в сабота од 18:00 часот.
Битолчани стартуваат со два бода во плеј-офот, додека вардарци имаат три на првото место на табелата.