Словенечкиот интернационалец Грегор Оцвирк ја напушти Војводина три месеци пред истекот на договорот и замина во Обединетите Арапски Емирати.
Некогашниот играч на Вардар доби одлична финансиска понуда и потпиша за составот на Ал Аин до јуни 2025 година.
Иако имаше проблеми со повреди, подеми и падови, сепак Словенецот остави добар впечаток во дресот на Војводина и играше во одлична форма оваа сезона.
Тренерот Борис Ројевиќ на левата бековска позиција ќе ги има на располагање Петар Ѓорѓиќ и Мохамед Азиз Аиди, па отсуството на Оцвирк нема да биде голем проблем.
Оцвирк своевремено беше прогласен за МВП на младинско Европско првенство, потоа дојде во Вардар, но кариерата не му се развиваше според очекувањата.