Некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски до крајот на сезоната ќе седи на клупата на австрискиот тим Грац и ќе се обиде да му донесе опстанок.
Тој минатиот месец се раздели со Барнбах, со кој имаше договор до крајот на оваа сезона, но двете страни решија предвреме да тргнат секој по својот пат.
Сега Арнаудовски ќе го води Грац во шесте битки за опстанок со Тирол, Холабрун и Брегенц.
43-годишниот Македонец кој е роден во Загреб, претходно работеше во машкиот тим Ферлах од Австрија, како и во женскиот тим од Хрватска, Зрињски Чаковец.
Во играчката кариера играше за Загреб, Перутина ПИПО, Босна и Дубрава во Хрватска, а потоа и во неколку австриски екипи.
Тој ја заврши играчката кариера во 2019 година, а беше дел од составот на Македонија на Светското првенство во 2017, кога селектор беше Лино Червар.

























