Не помогна ни Вујо, на Нексе му се заканува елиминација од ЛЕ

Екипата на Нексе се наоѓа пред елиминација во Лигата на Европа, откако го загуби првиот осминафинален дуел од Рајн Некар со 24:19 (13:11).

Избраниците на Веселин Вујовиќ на реванш дуелот, кој ќе го одиграат во Нашице, ќе треба да се надминат себеси и да триумфираат со најмалку шест гола.

Најефикасни во составот на Рајн Некар беа Тобијас Рајхман и Јаник Колбахер, двајцата постигнаа по седум погодоци.

Во тимот на Вујовиќ прв стрелец беше Гал Маргуч со четири погодоци, по три постигнаа Предраг Вејин и Марко Рашиќ.

Пред елиминација се наоѓа и Савехоф, кој очекувано загуби од Хановер со четири гола разлика, 34:30 (18:14).

Победничката екипа беше предводена од Илија Брозовиќ со шест и Бранко Вујовиќ со пет реализации, додеа во поразениот табор најрасположен беше Густаф Ведберг со 11 погодоци, кои беа недоволни за поволен резултат на неговиот тим.

Милосављев „полуде“ на голот, Фуксе Берлин на чекор до четвртфинале во ЛЕ