Екс ракометарот на Вардар и Металург, Вуко Борозан, моментално, е слободен играч, откако црногорскиот шампион Ловќен реши да ја прекине соработката со 29-годишниот ракометар.
Левиот бек, кој по пауза од шест години повторно се врати во репрезентацијата на Црна Гора, пред сѐ поради одличните партии во Лигата на Европа, на почетокот на сезоната во клубот од Цетиње беше промовиран како големо засилување.
Сепак, двете страни одлучија дека е најдобро секој да си продолжи по свој пат. Како причина за заминувањето на Борозан од Ловќен може да се смета и неговото неконтролирано однесување на терен.
Борозан во еден момент на последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа, против Фленсбург, покажа непочитување кон своите колеги, па актуелниот тренер на Ловќен, Перо Милошевиќ, одма го седна на клупата и му одржа лекција.
Црногорецот во својата кариера го носеше дресот на Вардар, Металург, Либек, Веспрем, Карловац, Ал Ахли…
Со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2016/27 и по недоразбирањето со управата на “црвено-црните”, во мај 2019 не се качи на авионот за Брест кој го одведе Вардар до нова СЕХА титула и го напушти Скопје само неколку недели пред Вардар да го освои вториот шампионски пехар во Келн.
Во сезона 2022/23 требаше да биде нов играч во редовите на Загреб, но хрватскиот првак уште пред да започне сезоната го раскина договорот со проблематичниот играч.
Борозан пцуеше во Фленсбург, тренерот Милошевиќ го седна на клупа по три минути игра (ВИДЕО)
Сезоната непочната, а авантурата на Борозан во Загреб заврши!