Екипата на Јехона предводена од незапирливиот Дамјан Наумовски одигра рутински против Преспа Вардар, триумфираше со 38:23 и ја запиша седмата сезонска победа во прволигашката конкуренција.
Домаќините бодовите ги освоија уште во првите 30 минути кога целосно ги надиграа гостите, ја казнуваа секоја нивна грешка и на полувреме заминаа со плус 11 гола разлика, 21:10.
Избраниците на Селмани знаеја како да одиграат мирно во вториот дел и да останат во висока предност. Гостите од Ресен веќе капитулираа во првото полувреме и останаа без сили во вториот дел.
Одлична партија на теренот имаше членот на Јехона, Дамјан Наумовски, кој постигна 16 погодоци. Истиот ракометар во претходното коло против Шампион зад своето има запиша 22 реализации.
Во составот на Преспа со по шест погодоци се истакнаа Бојан Поповски и Филип Шиклевски.