Наследникот на Зоран Кастратовиќ во Саудиска Арабија, Ерлингур Рикардсон, не издржа долго на селекторското место и повеќе не е предводник на азиската селекција.
Искусниот тренерот од Исланд минатото лето со ракометната куќа на Саудиска Арабија потпиша договор на една година, но не ги оствари зацртаните цели и одлучи да си замине.
Саудиска Арабија заврши на 9. позиција на Азиското првенство во јануари и не успеа да обезбеди пласман за Светското првенство 2025, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Хрватска.
Рикардсон во својата тренерска кариера беше селектор на машката сениорска репрезентација на Холандија, додека на клупско ниво, освен што работеше во својата татковина, еден период го предводеше Фуксе Берлин.
Со бундеслигашот во 2016 година го освои трофејот на неофицијалното светско клупско првенство Супер Глоуб и сигурно нема да има потешкотии да најде нов предизвик.