Најдобри меѓу најдобрите – еве кои ракометари беа избрани за МВП на колото во Супер лигата

Во есенскиот дел од сезоната, во кој беа одиграни 14 кола, 12 играчи беа избрани за играчи на колото, односно за МВП.

Статистиката вели дека во првиот дел од сезоната МВП станаа играчи на десет екипи. Струга е лидер во МВП признанијата, има вкупно три, од кои две припаѓаат на црногорскиот интернационалец Мерис Бошњак.

Голден Арт и Охрид имаат по две МВП признанија, а по едно екипите на Аеродром, Вардар, Бутел, Скопје, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Прилеп.

Мерис Бошњак од Струга и Давид Даев од Голден Арт се двајцата ракометари кои успеаја по двапати да бидат избрани за МВП на колото.

Во 14 одиграни кола, тројца интернационалци победија во изборот за МВП на колото, додека сите останати беа домашни ракометари.

МВП НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Наум Костов (Аеродром)

2.КОЛО: Марко Срдановиќ (Вардар)

3.КОЛО: Димитар Ѓоргиевски (Бутел Скопје)

4.КОЛО: Мерис Бошњак (Струга) 

5.КОЛО: Давор Шокоски (Скопје)

6.КОЛО: Давид Даев (Голден Арт)

7.КОЛО: Тодор Јанкуловски (Струга)

8.КОЛО: Деан Шешиќ (Охрид)

9.КОЛО: Иван Галевски (Алкалоид)

10.КОЛО: Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер)

11.КОЛО: Даниел Ѓорѓески (Охрид)

12.КОЛО: Денис Шабановиќ (Прилеп)

13.КОЛО: Давид Даев (Голден Арт)

14.КОЛО: Мерис Бошњак (Струга)