Една од најдобрите ракометарки на светот и моментално најдобра репрезентативка на Шведска, Натали Хагман, на лето ќе има нов предизвик во својата интернационална кариера.
33-годишната ракометарка ќе се пресели во Ѓер и со европскиот првак потпиша договор на една сезона, со опција на продолжување на уште една доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
Хагман, која настапува на позицијата десно крило, во оваа сезона е дел од поранешниот европски гигант Валчеа, претходно го носеѓе дресот на Нант, ЧСМ Букурешт, Никобинг, Холстебро…
Искусната ракометарка во својата кариера има освоено многу награди и признанија, додека со репрезентацијата на Шведска најголемиот успех го постигна на Европските првенства во 2010 и 2014 кога беше освоен сребрениот, односно бронзениот медал.
На клупско ниво со тимот на Нант, сезона 2020/21, и со тимот на Икаст, сезона 2014/15, ја освои титулата во Лигата на Европа, а во сезона 2015/16 со Холстебро се радуваше на златото во тогашниот КПК.