Во годината што изминува нај трансферот се случи во Битола, каде што се пристигна репрезентативниот голман Никола Митревски.
По четири сезони минати во португалскиот Порто, искусниот чувар на мрежата се врати дома, и уште во првиот дел од сезоната покажа дека ќе биде еден од лидерите на Еурофарм Пелистер.
Покрај на меѓународните натпревари во Лигата на шампионите, Митревски имаше одлични изданија и на дерби дуелите од македонската Супер лига.
Покрај трансферот на Митревски, тука може да се вбројат и доаѓањата на Илија Абутовиќ, Мохамед Мамду во шампионот, па оној на Дмитро Горига во Вардар, Сара Ристовска во Рапид Букурешт, Мартин Карапалевски во Ваљадолид, Ловро Јотиќ во Охрид…