Ракометната федерација на Македонија објави дека на 2 мај ќе започне продажбата на билетите за натпреварот против Литванија од квалификациите за ЕП 2026.
Овој натпревар може да биде решавачки околу пласманот на момците на Лазаров на уште големо натпреварување, па полната сала е повеќе од неопходна.
Продажбата на билети ќе стартува на 2 мај во петок точно на пладне, цените на билетите се 200 и 300 денари во зависност од местото на седење во салата. Сите детали каде може да ги купите билетите ги имате ТУКА.
Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.
Лазаров скрати список – камбек на Томовски и Ојлески, има и еден дебитант!