Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на репрезентативци пред последните две кола од квалификациите за ЕП 2026.
Македонскиот селектор ќе смета на 21 ракометар, меѓу кои се Мартин Томовски и на Гоце Ојлески, кои прават камбек во националниот тим, а има и еден дебитант – средниот бек Мартин Ивановски. По подолго време на собир со сениорите ќе биде и левиот бек Емилијан Ѓорговски.
Лазаров нема да смета на повредните Марко Митев, Цветан Кузманоски, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ и Игор Ѓорѓиев, а во споредба со претходно го нема на списокот Марко Кизиќ.
Собирот за овие два меча ќе биде в недела на 4 мај од 15:30 часот.
Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.