Сериозните федерации низ Европа пред повеќе од месец дена ги пуштија во продажба влезниците за натпреварите од 1 и 2 коло во квалификациите за ЕП 2026, а дел од нив и ги распродадоа.
За разлика од нив, Ракометната федерација на Македонија, ги пушти во продажба билетите за дуелот меѓу Македонија – Естонија само на седум дена пред натпреварот.
Билетите кои се по цена од 200 и 300 денари може да се набават од денеска, а сите детали ги имате ТУКА.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра на 6 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека во вториот меч, нашата селекција гостува во Виљнус кај Литванија на 10 ноември од 16:00 часот