Членот на Радовиш, Здравко Постолов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8. коло од Супер лигата.
Капитенот на радовишани на натпреварот против дебитантот Бисинов постигна 13 голови и имаше голема заслуга за првиот сезонски бод.
Искусниот Постолов освои околу 46% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески со 34%.
Номинирани за МВП на 8. коло од Супер лигата беа уште Никола Костески, Гоце Ојлески, Ивица Илиев, Ашраф Маргели и Кристијан Анастасовски.