Членот на Куманово, Лука Матачиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на петтото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Хрватскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Борец ФЛ, а освен што погодуваше, зад своето име запиша и неколку асистенции.
Матачиќ немаше конкуренција на гласањето, освои неверојатни 83% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Дмитро Горига од Вардар со 8%.
Номинирани за МВП на петтото коло од плеј-оф/аут фазата беа уште Мартин Серафимов, Томислав Квастек, Гал Цирар, Мигел Еспиња и Давор Палевски.