МВП НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ДАНИЕЛ ЃОРЃЕСКИ (ОХРИД)

Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на четвртото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Младиот голман беше меѓу најзаслужните за победата на „гладијаторите“ против вицепрвакот и натпреварот го заврши со 14 одбранети удари.

Главни конкуренти на Ѓорѓески на гласањето му беа Лазар Адамовиќ од Вардар Неготино и Михајло Стевановиќ од Куманово.

Членот на Охрид освои околу 40% од гласовите на анкетата, додека второпласираниот Лазар Адамовиќ имаше околу 33%.

Номинирани за МВП на четвртото коло беа уште Филип Кузмановски, Гал Цирар, Никола Стефановиќ и Хансер Родригез.