Кружниот напаѓач на Голден Арт, Давид Даев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 13. коло од Супер лигата.
За членот на Голден Арт ова е второ МВП признание во оваа сезона, беше најкорисен играч и на 6. коло во суперлигашката конкуренција.
Даев со пет погодоци го предводеше неговиот тим до победа над Прилеп од десет гола разлика, 28:18.
Освен одлична игра во нападот, кружниот напаѓач одигра одлично и во одбраната и покажа дека сезонава се наоѓа во одлична форма.
Пивотот немаше голема конкуренција на гласањето, освои неверојатни 63% од гласовите.
Номинирани за МВП на 13. коло беа уште Филип Николов, Марко Кизиќ, Гал Цирар, Мартин Карапалевски, Христијан Митревски и Мирко Мајиќ.