Во финалниот натпревар на Азиското првенство, селекцијата на Катар славеше против Јапонија со 30-24.
Оваа победа е шеста по ред во финалињата на азиските шампионати за селекцијата на Катар, иако на клупата го немаше легендарниот Валеро Ривера, а на негово место беше Горан Ѓокиќ.
Катарците ја надминаа серијата од пет последователни триумфи во борбата за злато на Јужна Кореја, која доминираше од 1983 до 1993 година и сега имаат шест титули.
Селекцијата на Јапонија играше по првпат во финалиниот натпревар на Азиското првенство по 33 години.
Домаќинот Бахреин, во битката за бронза и третото место го совлада Кувајт со 26-17. Рекордер по бројот на златни медали е Јужна Кореја, која има девет први места.