Македонскиот национален ТВ сервис, МТВ, ќе ги пренесува натпреварите од претстојното Светско првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Мундијалот стартува на 14 јануари и ќе се игра во Загреб, Вараждин и Пореч во Хрватска, Хернинг во Данска и Осло во Норвешка.
Македонската репрезентација е во група со Унгарија, против која стартува на СП на 15 јануари, на 17 е дуелот со Холандија, додека на 19 јануари следува пресметката со Гвинеја.
МТВ ќе ги пренесува натпреварите на македонската селекција, но и другите најинтересно од групната и главната фаза, како и оние од финалниот викенд.