Германскиот селектор Алфред Гисласон мораше да направи две принудни замени пред стартот на Мундијалот.
Наместо повредениот Јаник Колбахер, Гисласон го повика кружниот напаѓач од Магдебург, Тим Зехел. Тој откри дека морал да го прекине одморот на крстарење за се приклучи на националниот тим.
„Гисласон повеќе пати се обидувал да ме добие, но јас бев на крстарење. После цен ден видов пропуштени повици од него. Веќе пропуштив неколку тренинзи, бидејќи не можев толку брзо да се приклучам на репрезентацијата. Јас и сопругата го почнавме крстарењето од Хамбург, потоа бевме во Копенхаген, Осло и Кристијансанд. Планирав одморот да ми трае подолго секако“, изјави Зехел за германските медиуми.
Германија е во група со Полска, Швајцарија и Чешка во групната фаза од Мундијалот кој што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.