Монпелје не е наивен: Ривалот на Вардар го тресна ПСЖ и ќе се бори за трофеј!

Монпелје покажа врвна форма пред дуелите со Вардар, откако обезбеди финале во Францускиот куп со импресивна победа над ПСЖ од 39-35.

Иако парижаните имаа предност по првото полувреме (19-18), Монпелје одигра фантастично во вториот дел, добивајќи го со 21-16 и направи пресврт. Овој триумф уште еднаш потврдува дека станува збор за екипа во одлична форма и сериозен кандидат за трофеи.

Во финалето, Монпелје ќе се соочи со Нант, кој во второто полуфинале го совлада Ним со 35-30.

Предводник на Монпелје беше десното крило Давид Балагер со 13 погодоци, а голманите Болжанзе и Дебоне со 30%, односно 31% на успешност.

Овој резултат е јасно предупредување за Вардар пред четвртфиналниот двомеч во Лигата на Европа што ќе се игра на 28 април и 5 мај.