Левиот бек на бразилската репрезентација, Брајан Монте, ќе остане на долг рок во францускиот Монпелје.
Монте, кој дојде во Франција во април 2023 од Пињеирос, ќе остане во Монпелје најмалку до 2029 година, иако по одличните настапи на СП го привлече вниманието и на други клубови.
Претходно клубот го договори исландското лево крило Дагур Саугстон, на местото на повредениот Лукас Пелас.
Монпелје за време на Мундијалот договори уште квартет засилувања за наредната сезона – десното крило Давид Балагер од ПСЖ, левото крило Лео Плантен од истиот клуб, десното крило од Шамбери – Бенжамен Рише и десниот бек од данскиот Алборг, Џек Турин.
Сите четворица потпишаа до 2028 година.
Францускиот тим претходно ги договори и Аугустин Касадо, Звонимир Срна, Рожерио Мораеш…но ќе остане без половина тим – си одат Скубе, Хешам, Цикуша, Начиновиќ, Карлсон, Лене и Конан.